спорт

Русија ја предаде на Катар улогата домаќин на следното Светско првенство

Со финалниот меч Хрватска-Франција ќе заврши Светското првенство 2018, а во Кремљ се одржа церемонија во која улогата на организатор на следниот Светски куп ја презеде Катар

Ali Cura  | 15.07.2018 - Обновена : 16.07.2018
Русија ја предаде на Катар улогата домаќин на следното Светско првенство

Moskva

МОСКВА (АА) - Организаторот на актуелното Светско првенство во фудбал, Русија, денеска официјално ја предаде улогата домаќин на Катар, во која во 2022 година ќе се игра следниот мундијал, јавува Anadolu Agency (AA).

Со финалниот меч на Хрватска и Франција денеска во Москва ќе се заврши Светското првенство 2018 година, а во Кремљ се одржа церемонија во која улогата на организатор на следниот Светски куп ја презеде Катар.

На свеченоста присуствуваа рускиот претседател Владимир Путин, катарскиот емир шеик Темим бин Хамад ал Тани и претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино.

Путин на Ал Тани симболично му подари и топка каква што ќе биде користена на денешното финале.

„Горд сум на организацијата на Светското првенство во Русија. Првенството завршува денес, и ние сме горди на сето она што го направивме за навивачите на овој фантастичен спорт“, рече Путин.

Првиот човек на ФИФА, Инфантино, кажа дека во текот на изминатиот месец се вљубил во Русија и оти се надева дека за четири години ќе се вљуби и во Катар.

„Фудбалот е љубов, емоција, семејство и забава. Сето тоа ние го видовме во Русија“, рече Инфантино.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın