спорт

Русија суспендирана четири години од олимписките и светските турнири

Портпаролот на ВАДА, Џејмс Фицџералд, нагласи дека на овој состанок со мнозинство гласови се прифатени препораките за суспендирање на Русија од големите спортски организации на глобално ниво

Bayram Altuğ  | 09.12.2019 - Обновена : 12.12.2019
Русија суспендирана четири години од олимписките и светските турнири

ЖЕНЕВА (АА) - Светската агенција за борба против допинг (WADA) ја суспендираше Русија за четири години од олимписките и светските турнири со образложение дека не ги почитувала правилата за допинг, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на ВАДА, Џејмс Фицџералд, даде изјава во врска со оваа тема по состанокот на Управниот одбор на ВАДА, одржан во седиштето на оваа организација во швајцарскиот град Лозана.

Фицџералд нагласи дека на овој состанок со мнозинство гласови се прифатени препораките за суспендирање на Русија од големите спортски организации на глобално ниво.

Тој рече дека Управниот одбор донел одлука за суспендирање на Русија за четири години од олимписките и светските турнири со образложение дека не ги почитувала правилата за допинг.

Според оваа одлука, националната химна на Русија, како и руското знаме, нема да бидат дел од Олимписките игри во 2020 година во Токио и од Светското првенство на ФИФА во 2022 година.

Доколку руските спортисти ги поминат тестовите за допинг, со олимписко знаме ќе може да учествуваат на Олимписките игри во Токио.

Русија во рок од 21 ден ќе ја прифати одлуката на ВАДА и ќе може да ја достави до Арбитражниот суд за спорт (CAS).

Од друга страна, и покрај оваа казна, Русија ќе може да учествува на Европското фудбалско првенство во 2020 година, на кое еден од домаќините е и самата таа, бидејќи УЕФА не се наоѓа на листата на големи организации на ВАДА.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın