спорт

Рејтинг-листа на УЕФА: Северна Македонија на 34. место според успехот во ЛШ и ЛЕ

УЕФА изработува рејтинг-листа на федерации кои партиципираат во Асоцијацијата и според бодовната состојба го одредува бројот на екипи што ќе се натпреваруваат наредната сезона во УЕФА Лигата на шампиони и Лига Европа

Oktaj Omeragik  | 09.03.2019 - Обновена : 10.03.2019
Рејтинг-листа на УЕФА: Северна Македонија на 34. место според успехот во ЛШ и ЛЕ

СКОПЈЕ (АА) - Лигата на шампиони и Лига Европа, покрај тоа што се најпрестижните фудбалски клупски лиги во Европа, може да се каже дека тоа го претставуваат и на светско ниво, гледајќи на бројот на светските фудбалски ѕвезди кои се дел од клубовите што учествуваат во овие натпреварувања. Секоја победа, секој нерешен натпревар на клубовите им носат поени, кои се значајни за севкупната бодовна состојба на националните федерации и за рејтингот кој им дава можност со поголем број екипи да учествуваат во натпреварувањата на УЕФА во Лигата на шампиони и Лига Европа наредната сезона, пишува Anadolu Agency (AA).

- Рејтинг-листа на федерации

Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА), која брои 55 национални фудбалски федерации, покрај рангирањето на фудбалските репрезентации на ниво на Европа, спроведува и ранг-листа на европските фудбалски клубови според успехот во натпреварувањата на УЕФА во Лигата на шампиони и Лига Европа.

По рангирањето на клубовите се формира и заедничка ранг-листа за рејтингот на одредена држава според вкупниот успех на екипите од нејзината федерација.

Според успехот што го постигнаа македонските тимови во натпреварите на УЕФА Лигата на шампиони и Лига Европа, Северна Македонија во моментов се наоѓа на 34. позиција со 8,000 поени, искачувајќи се на табелата за три позиции во однос на минатата година кога беше 37-мо пласирана со 7,500 поени.

Според рејтинг-листата на која се наоѓаат 55 членки на УЕФА, прва на табелата е Шпанија, со 100,712 поени, следува Англија со 78,320, а трета е Италија со 74,011 поени. Меѓу првите 10 се наоѓаат Германија со 70,784, Франција со 58,498, Русија со 50,382, Португалија со 47,232, Белгија со 39,900, Украина со 38,900 и Турција со 34,600 поени.

Гледајќи го коефициентот на земјите од Балканот, подобар рејтинг од Северна Македонија имаат Грција, која е на 14. место, Хрватска е 15-та, Србија е на 19. место, Бугарија е 28-ма и Словенија, која се наоѓа на 31. позиција.

Послабо рангирани од Северна Македонија се Албанија на 36. позиција, Босна и Херцеговина на 40. место, Црна Гора на 49. позиција, а Косово е на 53. место.

- Рејтинг-листа на европските фудбалски клубови

Во моментов, на првото место со најдобар рејтинг на табелата на клубовите од Европа се наоѓа тимот на Реал Мадрид со 146,000 поени. Следуваат Баерн Минхен и Барселона со 128,000, а на 4. позиција е Атлетико Мадрид со 127,000 поени. Меѓу првите 10 екипи во Европа со најдобар рејтинг се наоѓаат Јувентус со 120,000, Севилја со 104,000, Пари Сен Жермен со 103,000, Манчестер Сити со 101,000, Порто 93,000 и Арсенал со 88,000 поени.

- Северна Македонија

Најдобро пласирана екипа од Северна Македонија е ФК Шкендија на 178. место со 6,000 поени, остварувајќи подем од сто места во однос на минатата година кога беше 278-ма на листата. Следува Вардар на 209. место со 5,000 поени и Работнички на 239. позиција со 4,250 поени, а ФК Шкупи се наоѓа на 361. место со 1,000 поен.

- Турција

Бешикташ има најдобар рејтинг на листата меѓу клубовите од Турција, позициониран на 25. место со 62,000 поени, пред Фенербахче на 44. место со 31,500, Галатасарај на 67. место со 22,500 и Истанбул Башакшехир на 118. место со 10,500 поени.

- Бугарија

Во Бугарија, клуб со најдобар рејтинг во Европа е Лудогорец на 58. место со 27,000 поени, ЦСКА Софија е на 289. место со 2,000, Славија Софија на 291. место со 1,750 и Левски Софија на 294. место со 2,000 поени.

- Албанија

Најдобро пласирана екипа од Албанија е ФК Скендербег на 157. место со 7,000 поени, следува ФК Кукс на 214. место со 4,750, ФК Партизани на 322. место со 3,000 и ФК Лачи на 338. место со 2,250 поени. 

- Косово

ФК Дрита на 372. место со 1,500 поени е екипа со најдобар рејтинг од Косово меѓу клубовите од Европа. Следува ФК Приштина на 402. место со 1,250 поени и ФК Трепча на 447. место со 0,500 поени.

- Босна и Херцеговина

Од клубовите во Босна и Херцеговина, најдобар рејтинг на листата на клубови од Европа има Зрињски на 207. место со 5,250 поени, следува ФК Сараево на 237. место со 4,250, ФК Железничар на 290. позиција со 3,500 и ФК Широки Брег на 341. место со 2,250 поени.

- Хрватска

Динамо Загреб, кој игра во Лига Европа, има најдобар рејтинг во Европа меѓу клубовите од Хрватска. Динамо се наоѓа на 51. место со 29,500 поени. Следуваат Риека на 105. место со 13,500 поени, Хајдук на 138. место со 8,000 поени и Осиек на 194. место со 3,000 поени.

- Србија

Меѓу клубовите од Србија, најдобар рејтинг има Партизан на 80. место со 18,000 поени. Црвена Sвезда е на 83. место со 16,750 поени, следува Спартак Суботица на 216. место со 2,000 поени, а Раднички Ниш е на 217. место со 1,500 поени.

- Грција

Екипа со најдобар рејтинг кај нашиот јужен сосед Грција е екипата на Олимпијакос на 35. место со 44,000 поени. Паок се наоѓа на 64. место со 23,500 поени, следува Аек на 102. место со 14,000 и Атрас Триполис на 123. место со 9,500 поени.

- Црна Гора

Најдобар рејтинг на европската фудбалска сцена од Црна Гора има Будуќност на 302. место со 3,250 поени, следува Сутјеска на 319. место со 3,000, ФК Титоград на 321. место со 3,000 и ФК Рудар на 342. место со 2,250 поени.

- Словенија

Најдобро рангирана екипа од Словенија е Марибор на 78. место со 18,500 поени. Следува Домжале на 232. место со 4,250, Олимпија Љубљана на 277. место со 3,750, а Рудар Велење е на 320. место со 1,750 поени.

- Начин на кој им се доделуваат поени на фудбалските клубови

Коефициентите на фудбалските клубови на листата на Асоцијацијата се засноваат врз резултатите што клубовите ги постигнале последните пет натпреварувачки сезони во УЕФА Лигата на шампиони и Лига Европа. Рејтингот го одредува бројот на тимови со кои конкретната фудбалска национална федерација ќе учествува во клупските натпреварувања на УЕФА.

Националниот клупски коефициент за конкретната сезона се заснова на постигнатиот резултат на секој клуб на Асоцијацијата во тековните натпревари во УЕФА Лигата на шампиони и Лига Европа. Овој коефициент, во комбинација со оние постигнати претходните четири сезони, ја дава вредноста според која се прави рангирањето на листата на националните асоцијации на УЕФА.

Според оваа ранг-листа УЕФА го одредува бројот на клубови од секоја асоцијација што ќе учествуваат во европските клупски натпреварувања наредната сезона.

- Систем на бодирање

Секој тим добива 2 поена за победа и 1 поен за нерешено одигран натпревар (поените се преполовени во квалификациите и натпреварите од плеј-оф фазата).

Клубовите што ќе се пласираат во осминафиналето, четвртфиналето, полуфиналето или финалето на УЕФА Лигата на шампиони, или четвртфиналето, полуфиналето или финалето на УЕФА Лига Европа, добиваат екстра-поен за учеството во секое коло.


Покрај тоа, 4 бода им се доделуваат на клубовите за учество во групната фаза на Лигата на шампионите и 4 бода за квалификација во осминафиналето.

- Пресметка на коефициентот

Коефициентот се добива со пресметување на просек: делејќи го вкупниот број поени со бројот на клубови кои ја претставуваат националната асоцијација во двете клупски натпреварувања на УЕФА таа сезона. За пресметка на вкупниот коефициент, на добиената вредност ѝ се додаваат вредностите постигнати претходните четири сезони. Доколку две асоцијации имаат ист коефициент, тогаш предност има асоцијацијата која имала повисок коефициент во тековната сезона.

Податоците се надградуваат по секое одиграно коло во клупските натпреварувања на УЕФА.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.