Hüseyin Burak Demirer
07 Јули 2019•Ажурирај: 09 Јули 2019
КАИРО (АА) - Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Египет, Хани Ебу Рида, го отпушти селекторот на египетската репрезентација, Хавиер Агире и поднесе оставка, јавува Anadolu Agency (AA).
Египет е домаќин на актуелниот Куп на африкански нации, а во осминафиналето со минимален резултат е елиминиран од Јужноафриканската Република.
Како голем неуспех е доживеана елиминацијата на репрезентацијата предводена од еден од најдобрите голгетери на светот, Мухамед Салах.
Ебу Рида го отпушти мексиканскиот фудбалски стручњак Агире и поднесе оставка од претседателското место во Фудбалскиот сојуз на Египет.
Египетскиот национален тим и минатата година со големи апетити замина на Светското фудбалско првенство во Русија, а беше елиминиран уште во групната фаза, без освоен бод. Тогаш отказ доби селекторот Хектор Купер.