Abdula Berisha
30 Март 2022•Ажурирај: 30 Март 2022
СКОПЈЕ (АА) - Фудбалската репрезентација на Северна Македонија претрпе пораз од Португалија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2022 во Катар, јавува Агенција Анадолија (AA).
Португалскиот тим доминираше во поголемиот дел од натпреварот одигран на „Естадио де Драгао“ во градот Порто, забележувајќи победа со резултат од 2:0.
Двоен стрелец за домаќините беше играчот од средниот ред, Бруно Фернандеш, во 32-та и 65-та минута.
И покрај поразот, пласманот во финалниот квалификациски натпревар за СП се смета за голем успех за репрезентацијата на Северна Македонија, која дури со 0:1 го елиминира европскиот првак Италија во полуфиналето од квалификациите, на мечот што се одигра на „Стадио Ренцо Барбера" во Палермо, Италија.
Селекцијата на Португалија во финалето дојде откако на „Естадио до Драгао“ ја елиминира Турција со 3:1.