Mutlu Demirtaştan
17 Март 2023•Ажурирај: 20 Март 2023
НИОН (АА) - Во швајцарскиот град Нион денес се одржа ждрепката со која се одредени паровите од четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони, јавува Анадолу.
По одржаната ждрепка познати се и потенцијалните парови што ќе играат во полуфиналето на најелитното фудбалско натпреварување во Европа.
Во четвртфиналето на Лигата на шампиони се среќаваат:
Реал Мадрид - Челси
Интер - Бенфика
Манчестер Сити - Баерн Минхен
Милан - Наполи
Паровите од полуфиналните натпревари изгледаат вака:
Милан - Наполи / Интер - Бенфика
Реал Мадрид - Челси / Манчестер Сити - Баерн
Четвртфиналните натпревари се играат на 11 и 12 април, а реванш-средбите се закажани за 7 дена подоцна.
Полуфиналите средби се играат на 9 и 10 мај, а возвратните натпревари седум дена подоцна.
Финалето на УЕФА Лигата на шампиони е закажано за 10 јуни и ќе се игра на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул.