Berad Büyük
25 Август 2019•Ажурирај: 26 Август 2019
ЛОНДОН (АА) - Францускиот фудбалски ас, Пол Погба, по низата расистички напади, кои му ги упатија корисниците на социјалните мрежи откако промаши пенал во натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Волверхамптон (1 : 1), порача дека ваквите напади единствено можат да го направат посилен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Погба на нападите одоговори преку фотографија со своето дете в раце и краток коментар.
„Моите предци и родители пропатија за да може мојата генерација денес да биде слободна, да се вози со автобус, да игра фудбал. Расистичките навреди се незнаење и можат само да ме направат посилен и да ме мотивираат да се борам за идната генерација“, порача Погба.
Жртви на расистичките напади на социјалните мрежи, освен Погба, беа неговиот соиграч Маркус Рашфорд, Тами Абрахам (Челси) и Јаку Меите (Рединг).