Doga Kirmizioglu
04 Април 2019•Ажурирај: 05 Април 2019
АНКАРА
Тимот на Чикаго Булс во натпревар на американската Национална кошаркарска лига НБА, во последната секунда извојува победа на гостинскиот терен на Вашингтон Визардс, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа во НБА се одиграа 12 натпревари. Во натпревар на екипите од Источната конференција, Чикаго Булс на 1,8 секунда пред завршувањето на натпреварот, преку Волтер Лемон, успеа да го совлада Вашингтон Визардс со 114:115.
Булс ја извојува својата 22. победа сезонава, а Лемон, која му ја донесе победата на својот тим, оствари учинок од 24 поени и 8 асистенции. Џакар Семпсон постигна 18 поени, 9 скока, а Шекил Херис постигна 15 поени.
Визардси го претрпеа 47. пораз годинава, а најефикасни кај домаќините со дабл-дабл учинок беа Томас Брајант со 20 поени, 12 скока и Боби Портис со 20 поени, 10 скока, додека Бредли Бил натпреварот го заврши со 19 поени.
- Харден продолжува со одлична игра
Хјустон Рокетс, кој го обезбеди пласманот во плејофот во Западната конференција, ја извојува 4. победа едноподруго, и како гостин му нанесе тежок пораз на Лос Анџелес Клиперс од 103:135.
Рокетси дојдоа до својата 51. победа сезонава, а најдобар перформанс покажа ол-стар ѕвездата Џејмс Харден со учинок од 31 поен, 7 скока и 7 асистенции. Крис Пол постигна 29 поени, 7 асистенции, додека Клинт Капела постигна дабл-дабл од 24 поени и 15 скока.
Клиперси го претрпеа 32. пораз сезонава. Шаи Александер постигна 20 поени, 4 скока, 4 асистенции, Данило Галинари 16 поени, 4 скока, а Лу Вилијамс 14 поени и 7 асистенции.
Вечер ќе се одиграат 3 натпревари во американската НБА-лига. Се среќаваат:
Филаделфија Севентисиксерс - Милвоки Бакс
Сакраменто Кингс - Кливленд Кавалирс
Лос Анџелес Лејкерс - Голден Стејт Вориорс
- Резултати
Детроит Пистонс - Индијана Пејсерс 89:108
Орландо Меџик - Њујорк Никс 114:100
Вашингтон Визардс - Чикаго Булс 114:115
Атланта Хоукс - Филаделфија Севентисиксерс 130:122
Бруклин Нетс - Торонто Репторс 105:115
Мајами Хит - Бостон Селтикс 102:112
Љу Орлеанс Пеликанс - Шарлот Хорнетс 109:115
Далас Маверикс - Минесота Тимберволвс 108:110
Денвер Нагетс - Сан Антонио Спарс 113:85
Феикс Санс - Јута Џез 97:118
Портланд Треил Блејзерс - Мемфис Гризлис 116:89
Лос Анџелес Клиперс - Хјустон Рокетс 103:135