Admir Fazlagic
17 Август 2017•Ажурирај: 17 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) – По првото полувреме од натпреварот од плеј-офот о Лига Европа помеѓу ФК Вардар и турскиот Фенербахче, домашниот тим ја има предноста од 1:0, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимот на Вардар поведе со 1-0 против Фенербахче во 20. минута со погодокот на напаѓачот Тигран Барсегјан, кој излезе сам пред голманот и по земја упати удар со кој го постигна голот за водство на домашниот клуб.
Екипата на турскиот тим ја имаше иницијативата и на самиот почеток создаде конкретна шанса во 8.минута од натпреварот, по нафрлена топка во шеснаесетерецот напаѓачот Ахметхан шутираше, но не успеа постигне погодог.
Во текот на првото полувреме турскиот тим имаше уште неколку шанси. Играчот Алпер Потук имаше шанса во 33 минута, но не усепа да го совлада голманот на Вардар, а пред самиот крај од првиот дел од натпреварот, во 43 минута, судиите поништија гол на Фенербахче, бидејќи беше постигнат од оф-сајд ситуација.