Hüseyin Burak Demirer
04 Јули 2022•Ажурирај: 06 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Бразилецот Габриел Жезус, кој го носеше дресот на Манчестер Сити, преминува во англискиот клуб Арсенал, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на клубот, со 25-годишниот напаѓач е потпишан долгогодишен договор.
Британските медиуми објавија дека цената на трансферот изнесува 45 милиони фунти.
Жезус во 2017 година беше трансфериран во Манчестер Сити, со чиј дрес одигра на 236 натпревари и постигна 95 погодоци.
Тој со дресот на бразилската репрезентација одигра 56 натпревари и постигна 19 погодоци.