Doga Kirmizioglu
23 Февруари 2018•Ажурирај: 25 Февруари 2018
АНКАРА (AA) - Во водечките фудбалски лиги на Европа оваа недела ќе се одиграат важни дерби-натпревари кои ќе предизвикаат големи возбудувања кај навивачите, јавува Anadolu Agency (AA).
Најважниот натпревар од 28. коло во Премиер лигата на Англија е дербито меѓу домаќинот Манчестер јунајтед и Челзи, што ќе се игра на стадионот „Олд Трафорд“.
Финалето на Лига купот на Англија меѓу екипите на Манчестер сити и Арсенал ќе се одигра на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Рома кој ги освои последните три лигашки натпревари благодарение на супериорната игра на турскиот играч Џенгиз Ундер, во 26. коло од Првата фудбалска лига (Серија А) на Италија, ќе биде домаќин на Милан на натпреварот на Олимпискиот стадион.
Од Првата шпанска фудбалска лига (Ла лига), Атлетико Мадрид ќе ѝ гостува на екипата на Севиља.
Париз Сен Жермен (ПСЖ) му е домаќин на Олимпик Марсеј во дербито на 27. коло на Првата француска фудбалска лига (Лига 1).
Во 25. коло на Холандската фудбалска лига (Ередивиси), лидерот ПСВ Ајндховен ќе му гостува на Фејенорд.
Во 23. коло на турската Спор Тото Супер лига во Истанбул ќе се одигра дерби-натпреварот во кој домаќинот Бешикташ на стадионот „Водафон Парк“ ќе го пречека Фенербахче.