спорт

НБА: Стефен Кари му донесе победа на Голден Стејт Вориорс

- Тимот Голден Стејт Вориорс во натпреварот од американската Национална кошаркарска лига (НБА), со 97:106 ја совлада Филаделфија Севентисиксерс благодарение на одличниот перформанс на Стефен Кари

Doğa Kırmızıoğlu  | 20.04.2021 - Обновена : 21.04.2021
НБА: Стефен Кари му донесе победа на Голден Стејт Вориорс

АНКАРА 

Тимот Голден Стејт Вориорс во натпреварот од американската Национална кошаркарска лига (НБА), со 97:106 ја совлада Филаделфија Севентисиксерс благодарение на одличниот перформанс на Стефен Кари, известува Агенција Анадолија (АА).

Синоќа се одиграа 9 натпревари во НБА. Голден Стејт Вориорс како гостин со 9 поени разлика ја совлада Филаделфија Севентисиксерс, лидерот на Источната конференција, а главна ѕвезда на натпреварот беше Стефен Кари.

На натпреварот на кој Вориорс ја постигна својата 29. победа сезонава, Кари постигна 49 поени, од кои 10 тројки, 5 асистенции и 3 скока. Триесет и тригодишниот кошаркар на последните 10 натпревари постигна 72 тројки и го урна рекордот на НБА на ова поле. Во исто време Кари успеа да постигне 30 и повеќе поени на последните 11 натпревари, надминувајќи го Коби Брајант, кој имаше серија од 10 натпревари, и стана првиот играч во историјата на НБА кому му успеало тоа меѓу играчите на возраст од 33 години и повеќе.

Во екипата на Севентисиксерс, која го претрпе својот 18. пораз сезонава, најпрецизен беше Џоел Ембид со дабл-дабл од 28 поени, 13 поени и 8 скока. Сет Кари со 15 поени и 5 асистенции, Матис Тајбул со 13 поени и 7 скока, Дени Греј со 12 поени и 7 скока, и турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз со 10 поени, 2 асистенции и 1 украдена топка го дадоа својот придонес за Севентисиксерс, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.


- По две продолженија Нагетс го совлада тимот на Гризлис

Во натпреварот полн со пресврти, регуларниот тек заврши без победник 116:116 (27:35, 29:25, 31:35, 29:21 по четвртини). Првото продолжение заврши со резултат 9:9, а по второто продолжение победник на натпреварот беше Денвер Нагетс со резултат 139:137.

Нагетс ја извојува својата 37. победа сезонава, а најзаслужен за тоа беше Никола Јокиќ со дабл-дабл од 47 поени, 15 скока и 8 асистенции. Вил Бартон на оваа средба постигна 28 поени, 7 асистенции и 6 скока, Мајкл Портер постигна 21 поен и 7 скока, со што го дадоа својот придонес во победата на Нагетс.

Гризлис го претрпе својот 27. пораз сезонава, а најпрецизни кај гостите беа Џа Морант со дабл-дабл од 36 поени, 12 асистенции и 8 скока, Ди Ентони Мелтон со 25 поени, 8 скока, 6 асистенции и 4 украдени топки, Грејсон Ален со 24 поени и Хавер Тилман со дабл-дабл од 18 поени и 14 скока.


- Резултати:

Детроит Пистонс - Кливленд Кавалирс 109:105

Бостон Селтикс - Чикаго Булс 96:102

Филаделфија Севентисиксерс - Голден Стејт Вориорс 96:107

Индијана Пејсерс - Сан Антонио Спарс 94:109

Мајами Хит - Хјустон Рокетс 113:91

Вашингтон Визардс - Оклахома Сити Тандер 119:107

Милвоки Бакс - Феникс Санс 127:128 (во продолжение)

Денвер Нагетс - Мемфис Гризлис 139:137 (во продолжение)

Лос Анџелес Лејкерс - Јута Џез 97:111.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.