Yunus Kaymaz
31 Мај 2019•Ажурирај: 01 Јуни 2019
ИСТАНБУЛ
Во првиот натпревар од финалната серија во американската Национална кошаркарска лига НБА, тимот на Торонто Репторс на домашен терен го совлада актуелниот шампион на НБА, Годлен Стејт Вориорс, со 118 : 109, јавува Anadolu Agency (AA).
Торонто Репторс, кој за првпат игра во финале на НБА, во првиот натпревар од финалната серија на домашен терен го пречека тимот на Голден Стејт Вориорс, актуелниот шампион на НБА и екипа која во последните 4 сезони освои 3 шампионски титули.
Најзаслужни за победата на Репторс беа Паскал Сајакем со 32 поени, 8 скока и 5 асистенции, Кавај Леонард со 23 поени, 8 скока и 5 асистенции, Марк Гасол со 20 поени, 7 скока и 1 асистенција, и Фред Ванвлит со 15 поени, 2 асистенции и 1 скок.
Во редовите на поразениот Вориорс, најдобар перформанс покажа Стефен Кари со 34 поени, 5 скока и 5 асистенции, Клеј Томсон со 21 поен и 5 асистенции, и Дрејмон Грин со трипл-дабл од 10 поени, 10 скока и 10 асистенции, но сето тоа не беше доволно за да се избегне поразот на гостински терен.
Екипата која ќе постигне 4 победи ќе стане шампион на НБА. Вториот натпревар е закажан за 3 јуни наутро и на оваа средба домаќин е тимот на Торонто Репторс поради подобриот скор на победи и порази во редовниот дел од сезоната на НБА.