АНКАРА (АА) - Кевин Дурент, Џејмс Харден и Кари Ирвинг, ѕвезденото трио на Бруклин Нетс, постигнувајќи 89 поени на средбата против Атланта Хоукс, на својата екипа ѝ донесоа победа од 132:128 во продолжението од натпреварот во американската Национална кошаркарска лига (НБА), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 12 натпревари во НБА, а откажан беше дуелот меѓу Мемфис Гризлис и Чикаго Булс поради случаи на новиот тип коронавирус (Ковид-19).
На средбата меѓу Бруклин Нетс и Атланта Хоукс, тимови од Источната конференција, кои водеа изедначена борба и на крајот од регуларниот тек натпреварот заврши нерешено 116:116, во продолжението славеа Нетс победувајќи со резултат 132:128.
Најзаслужни за 12. победа сезонава на Бруклин Нетс беа ол-стар ѕвездите Кевин Дурант со 32 поени, 5 скока, 2 асистенции, Џејмс Харден со дабл-дабл учинок од 31 поен, 15 асистенции, 8 скока и Кари Ирвинг со 26 поени, 7 асистенции, 4 скока.
Во редовите на Хоукс, која сезонава има 9 победи и исто толку порази, најдобра игра прикажаа Тре Јанг со дабл-дабл учинок од 28 поени, 14 асистенции, 3 скока, Камерон Редиш со 24 поени, 6 скока, Џон Колинс со 21 поен, 8 скока, 3 асистенции и Деандре Хантер со 21 поен, 5 скока, 4 асистенции, но недоволно за во продолжението од натпреварот да се избегне поразот од Нетс.
- Сиксерси ставија крај на рекордот на Лејкерс во последователните победи на гости -
Екипата на Филаделфија Севентисиксерс со кошот постигнат во последните секунди од натпреварот успеа да го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 107:106, пораз по кој екипата од Лос Анџелес падна на втората позиција во Западната конференција.
Севентисиксерс дојде до својата 13. победа сезонава. Џоел Ембид кој постигна 28 поени, 6 скока, 4 асистенции, 2 блока, на три секунди пред крајот на натпреварот постигна погодок и му донесе победа на својот тим над Лејкерс. Тобиас Херис постигна 24 поени, 7 скока, 3 асистенции, а Бен Симонс оствари трипл-дабл од 17 поени, 11 скока, 10 асистенции.
Со овој пораз, Лејкерси ја завршија серијата од 10 последователни победи на гости и станаа нови сопственици на рекордот на ова поле. Најдобра игра во редовите на Лејкерс прикажаа Леброн Џејмс со 34 поени, 6 скока, 6 асистенции, Ентони Дејвис со 23 поени, 8 скока, 2 асистенции, а Денис Шредер постигна 16 поени, 4 асистенции, 3 скока.
- Кавалирите не беа принудени -
Во натпревар меѓу екипи од Источната конференција, Кливленд Кавалирс со 122:107 го совлада Детроит Пистон и дојде до својата 9. победа сезонава.
Колин Секстон со 29 поени, 5 скока, 5 асистенции, Ендре Друмонд со дабл-дабл од 23 поени, 16 поени, 5 украдени топки, 2 асистенции и Торин Принс со 16 поени, 7 скока, 5 асистенции се најзаслужни за победата на Кавалирс. Турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман постигна 10 поени, 2 асистенции, 1 скок.
Во редовите на Пистонс кој го претрпе својот 14. пораз сезонава, најдобра игра прикажаа Џереми Грант со 26 поени, 3 скока, 2 асистенции, Вејн Елингтон со 17 поени, 2 скока, 1 асистенција, Мејсон Пламли со дабл-дабл учинок од 15 поени, 12 скока, 3 асистенции, но недоволно за да се избегне поразот од Кавалирс.
- Резултати
Шарлот Хорнетс - Индијана Пејсерс 106:116
Кливленд Кавалирс - Детроит Пистонс 122:107
Орландо Меџик - Сакраменто Кингс 107:121
Атланта Хоукс - Бруклин Нетс 128:132 (во продолжение)
Мајами Хит - Денвер Нагетс 82:109
Филаделфија Севентисиксерс - Лос Анџелес Сиксерс 107:106
Торонто Репторс - Милвоки Бакс 108:115
Сан Антонио Спарс - Бостон Селтикс 110:106
Њу Орлеанс Пеликанс - Вашингтон Визардс 124:106
Феникс Санс - Оклахона Сити Тандер 97:102
Јута Џез - Денвер Маверикс 116:104
Голден Стејт Вориорс - Минесота Тимберволвс 123:111