Hüseyin Burak Demirer
26 Декември 2020•Ажурирај: 27 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Во натпреварите од американската Национална кошаркарска лига (НБА), Бруклин Нетс како гости го совладаа Бостон Селтикс, а тоа им појде од рака и на Лос Анџелес Клиперс против Денвер Нагетс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
НБА продолжи со 5 натпревари. Синоќа се одигра дуелот меѓу фаворитите во Источната конференција, во кој екипата на Бостон Селтикс на домашен терен го пречека тимот на Бруклин Нетс. На крајот од средбата се радуваа гостите кои со висока победа од 95:123 си заминаа од Бостон.
Нетс оствари две победи на два натпревара во почетокот од сезоната во НБА. Најзаслужни за победата на Нетс беа кошаркарите Кари Ирвинг со 37 поени, 8 асистенции и 6 скока и Кевин Дурант со 29 поени, 4 скока и 3 асистенции.
Во редовите на Селтикс најпрецизни беа Џејлен Браун со 27 поени, 8 скока и 3 асистенции и Џејсон Тејтум со 20 поени, 8 скока и 2 асистенции.
- Бакс со високи 39 поени разлика го совлада Вориорс -
Екипата на Голден Стејт Вориорс, која во периодот 2015 - 2019 последователно играше во 5 финални натпревари и успеа да освои 3 шампионски титули, откако поради повредата на значајните играчи минатата сезона ја заврши на последното место, и сезоната 2020/2021 ја започна лошо.
Милвоки Бакс на домашен терен со голема разлика од 39 поени го совлада тимот на Вориорс со 138:99. Вориорс, кој првиот натпревар сезонава го загуби од Нетс со 26 поени разлика, и вториот натпревар го загуби со висока разлика.
Најпрецизен во редовите на Бакс беше Крис Мидлтон со 31 поен, 4 скока и 5 асистенции. Дабл-дабл учинок во Нетс постигнаа Јанис Антетокумпо со 15 поени, 13 скока и 4 асистенции и Бобис Портис со 10 поени, 12 скока и 2 асистенции.
Во редовите на Вориорс, Стефан Кари постигна 19 поени, 6 асистенции и 4 скока, а дебитантот Џејмс Вајсмен постигна 18 поени, 8 скока и 3 блокади, но тоа не беше доволно да се избегне високиот пораз од Бакс.
- Резултати
Мајами Хит - Њу Орлеанс Пеликанс 111:98
Милвоки Бакс - Голден Стејт Вориорс 138:99
Бостон Селтикс - Бруклин Нетс 95:123
Лос Анџелес Лејкерс - Далас Маверикс 138:115
Денвер Нагетс - Лос Анџелес Клиперс 108:121.