Kemal Zorlak
27 Јануари 2021•Ажурирај: 28 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ
Германскиот фудбалер со турско потекло Месут Озил официјално е претставен во Истанбул како нов член на Фенербахче, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во клубскиот комплекс „Фарук Илгаз" во Истанбул организирана е церемонија на свечено потпишување на договорот на Озил со Фенербахче, кој за истанбулскиот клуб го врзуваат наредните 3,5 години.
На церемонијата, покрај Озил, присуствуваа и претседателот на клубот Али Коч, спортскиот директор на клубот Емре Белозоглу, повеќе од 100 претставници на националните и меѓународните медиуми, како и навивачи на Фенербахче кои на денешниот свечен момент присуствува преку апликацијата Зум.
- Историски ден за Фенербахче
Претседателот на клубот рече дека Озил е фудбалер кој претходно во неколку наврати ги искажа своите симптии и љубов кон Фенербахче и дека дошол во клуб кој го сакал како дете.
Говорејќи за самиот процес на преминување на Озил од Арсенал во Фенербахче, Коч порача дека денес е еден од историските денови за Фенербахче.
Коч откри дека во разгвоорите со Озил околу неговиот трансфер во Фенербахче ниту во било кој случај во прв план не бил финансискиот аспект.
- Среќен и возбуден
„Многу сум среќен и возбуден. Се надевам дека ќе бидат од корист за клубот. Навивач сум на Фенербахче уште од детството, секогаш тоа и ќе останам", рече Озил.
На прашањето кои се неговите очекувања од оваа сезона, Озил рече дека Фенербахче е клуб кој секоја сезона игра за титула и дека верува во најкраток рок со Фенербахче да ја освои титулата.
Со оглед дека играл во големи клубови каде од фудбалерот се очекува многу и постои одреден вид притисок, Озил е запрашан дали таквиот притисок постои и денес кога потпишува за Фенербахче.
„Кај фудбалерот секогаш постои притисок. Знам дека тоа ќе го има и во Фенербахче. Она што можам да кажам е дека ќе дадам се од себе. Во текот на кариерата настапував за големи клубови. Но Фенербахче за мене е нешто посебно, клуб кој го сакам, клуб кој многу ми е важен. Многу сум среќен. Ова за мене е многу емотивен момент", порача Озил.
Запрашан исто така дали постои можност еден ден да се врати во Бундеслига, Озил кратко одговори: „Не, нема".
Професионалната кариера Озил ја започна во Шалке 04, потоа играше за Вердер Бремен и Реал Мадрид, а од 2013 година го носеше дресот на англискиот Арсенал за кој има 150 настапи и 30 голови.