Hüseyin Burak Demirer
25 Мај 2022•Ажурирај: 27 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Екипата на Далас Маверикс која во плејофот на Американската национална лига (НБА) во кошарка влезе од четвртото место во Западната конференција, со резултатот од 119:109 ја извојува својата прва победа во серијата која се игра до четири победи над тимот на Голден Стејт Вориорс, екипа која регуларниот дел од сезоната во НБА го заврши на третото место. Пред петтиот натпревар што ќе се игра во Сан Франциско, тимот на Голден Стејт Вориорс води со 3:1 против Далас Маверикс, известува Агенција Анадолија (АА).
Маверикси, постигнувајќи 20 тројки на овој натпревар, поставија нов рекорд на постигнати тројки во плејоф-натпреварите на НБА, при што оваа сезона на 11 натпревари најмалку 15 пати биле прецизни зад линијата за три поени.
Далас беше убедлив речиси во текот на целиот натпревар и по третата четвртина имаше предност од 29 поени разлика (99:70). Во последната четвртина Вориорс се врати во игра и овој дел од натпреварот го доби со 39:20, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Маверикс од 119:109.
Кај домаќините најзаслужен за победата беше Лука Дончиќ, ол-стар плејмејкерот на Маверикс, со постигнатиот дабл-дабл од 30 поени, 14 скока, 9 асистенции, 2 украдени топки и 2 блокади, но му недостигаше една асистенција за трипл-дабл. Доријан Фини-Смит на средбата постигна 23 поени, додека Реџи Булок средбата ја заврши со 18 поени.
Во редовите на Голден Стејт Вориорс најдобар перформанс постигна Стефен Кари со 20 поени, 8 асистенции, 5 скока, додека Џонатан Куминга постигна 17 поени, 8 скока, 1 асистенција.