Selçuk Buğra Gökalp
02 Април 2025•Ажурирај: 03 Април 2025
АНКАРА (АА) - Околу 150 навивачи на Челзи и Манчестер Сити нема да можат да присуствуваат на Светското клупско првенство на ФИФА 2025 година што ќе се удржи во САД од 15 јуни до 13 јули оваа година, јавува Анадолу.
Според новиот закон, кој стапи на сила денеска, навивачите со забрана мора да ги предадат патните исправи, вклучително и пасошите, или ќе се соочат со затворска казна до шест месеци или трајна забрана.
На турнирот што ФИФА за првпат ќе го организира според новиот систем ќе учествуваат вкупно 32 клуба.
Тимовите ќе бидат поделени во осум групи по четири. Ќе се игра по еден натпревар меѓу екипите, а прво и второпласираните од групите го продолжуваат натпреварувањето во осминафиналето.
Победникот на Светското клупско првенство на ФИФА ќе добие парична награда од 125 милиони долари, додека 32-те клуба учеснички ќе добијат вкупно 1 милијарда долари.