Oktaj Omeragikj
18 Јуни 2021•Ажурирај: 19 Јуни 2021
СКОПЈЕ
Денеска се играат три натпревари во рамките на Европското фудбалско првенство ЕВРО 2020, известува Агенција Анадолија (АА).
Осмиот ден од натпреварите по групи на ЕВРО 2020 ќе се одиграат два натпревари во групата Д и еден натпревар во групата Е.
- Група Е
Првиот денешен натпревар е дуелот меѓу екипите од групата Е. Во овој дуел се среќаваат репрезентациите на Шведска и Словачка. Натпреварот ќе се игра на Стадионот „Санкт Петербург“ во истоимениот град, Русија, со почеток во 15:00 часот.
Репрезентациите на Шведска и Словачка досега имаат одиграно пет меѓусебни средби. Репрезентацијата на Шведска извојува три победи, а два натпревари завршија без победник.
- Група Д
Вториот натпревар денеска се игра меѓу репрезентациите на Хрватска и Чешка. Натпреварот започнува во 18:00 часот и ќе се игра на Стадионот „Хемпден парк“ во Глазгов, Шкотска.
Досега овие две репрезентации се сретнале трипати. Хрватска извојува победа на два натпревари, а еден натпревар заврши без победник.
Во групата Д денеска се игра уште еден натпревар во кој се среќаваат репрезентациите на Англија и Шкотска. Средбата се игра на Стадионот „Вембли“ во Лондон, со почеток во 21:00 часот.
Овие две репрезентации досега имаат одиграно 114 меѓусебни натпревари. Англија победи на 48 натпревари, 25 средби завршија нерешено, а Шкотска успеа да победи на 41 натпревар.
- С. Македонија загуби од Украина, Холандија подобра од Австрија
Вчера се одиграа три натпревари од групната фаза на ЕВРО 2020 во фудбал.
Во 15:00 часот се одигра натпреварот меѓу репрезентациите на Украина и Северна Македонија. Украина извојува победа од 2:1 - погодоците ги постигнаа Андриј Јармоленко во 29. минута и Роман Јаремчук во 34. минута. Единствениот погодок за Македонија го постигна Езџан Алиоски во 57. минута од средбата. Во 83. минута од средбата беше досуден пенал за Украина, но Руслан Малиновскиј не успеа да го претвори во гол ударот од белата точка.
На втората средба што се одигра вчера настапија репрезентациите на Данска и Белгија. Иако Данска поведе со 1:0 уште во втората минута од натпреварот со погодокот на Јусуф Полсен, на крајот славеше Белгија која го совлада противникот со 1:2, а погодоците ги постигнаа Торган Азар во 54. минута и Кевин де Брујне во 70. минута.
Дуелот меѓу репрезентациите на Холандија и Австрија се одигра во 21:00 часот. Холандија извојува победа од 2:0, а головите ги постигнаа Мемфис Депај во 11. минута од пенал и Дензел Дамфрис во 67. минута од средбата.