спорт

Мурињо потврди дека Погба нема веќе да биде капитен на Јунајтед

Претходно медиумите шпекулираа дека Мурињо донел одлука Погба да не биде заменик-капитен затоа што по натпреварот со Волверхамптон (1 : 1) го критикуваше дефанзивниот стил на игра на Јунајтед

Dejan Maksimoviç  | 26.09.2018 - Обновена : 27.09.2018
Мурињо потврди дека Погба нема веќе да биде капитен на Јунајтед

Manchester

МАНЧЕСТЕР (АА) - Манчестер Јунајтед, кој од клупата го води португалскиот тренер Жозе Мурињо, синоќа претрпе уште еден тежок удар. Во третото коло на Лига купот „црвените ѓаволи“ на Олд Трафорд беа елиминирани од второлигашот Дерби Каунти, по изведувањето на пенали со резултат 7 : 8, пренесува Anadolu Agency (AA).

Мурињо во составот за овој дуел воопшто не го вклучи Пол Погба, а по натпреварот за британските медиуми потврди дека францускиот играч од средниот ред нема веќе да биде капитен на клубот.

Претходно медиумите шпекулираа дека Мурињо донел одлука Погба да не биде заменик-капитен затоа што по натпреварот со Волверхамптон (1 : 1) го критикуваше дефанзивниот стил на игра на Јунајтед.

„Единствена вистина е дека одлучив Погба веќе да не биде втор капитен. Тука нема никакви проблеми. Истата личност што одлучи Погба да биде втор капитен, сега реши тој веќе да не биде, а тоа сум јас. Менаџер сум и можам да носам такви одлуки. Нема никакви проблеми, тоа е само одлука која ја донесов“, рече Мурињо.

Погба оваа сезона во отсуство на капитенот Антонио Валенсија на три натпревари носеше капитенска лента. Но, по изјавата во саботата во која нагласи дека веќе мора да напаѓаат, посебно на домашен терен, Мурињо одлучи тој веќе да не ја носи капитенската лента.

Јунајтед, по шест одиграни кола во Премиер лигата, е на седмото место со десет бода, дури осум помалку од лидерот Ливерпул.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.