спорт

Модерните стадиони - главен адут на турската кандидатура за ЕВРО 2024

Фудбалскиот сојуз на Турција (TFF) за ЕВРО 2024 година номинираше осум стадиони кои се веќе во употреба и два стадиона кои повторно ќе бидат изградени

Hilmi Sever  | 25.09.2018 - Обновена : 26.09.2018
Модерните стадиони - главен адут на турската кандидатура за ЕВРО 2024

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - ХИЛМИ СЕВЕР -

Република Турција се надева дека ќе ја добие улогата на домаќин на Европското фудбалско првенство (ЕВРО) во 2024 година, во четвртата последователна кандидатура за домаќин на смотрата на најдобри нации на Стариот Континент, пишува Anadolu Agency (AA).

Извршниот комитет на Европската фудбалска организација (УЕФА) ќе заседава на 27 септември (четврток) во швајцарскиот Нион, и ќе донесе конечна одлука за домаќин на Европското првенство кое ќе се игра за шест години. Кандидати се Турција и Германија.

Главен адут на Турција се модерните стадиони кои ги исполнуваат сите критериуми на УЕФА, а во официјалната кандидатура е наведено дека мечевите би се играле на вкупно десет стадиони во девет турски градови.

Фудбалскиот сојуз на Турција (TFF) за ЕУРО 2024 година номинираше осум стадиони кои се веќе во употреба и два стадиона кои повторно ќе бидат изградени.

Со два стадиона и нови аеродроми Истанбул е столбот на турската кандидатура.

Доколку Турција ја добие улогата на домаќин, покрај двата истанбулски, натпреварите на ЕВРО 2024 година би се играле и на стадионите во Бурса, Анталија, Ескишехир, Газиантеп, Коња, Трабзон, Коџаели и Анкара.

Стадионот во Анталија ќе биде реновиран, а Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул ќе биде срушен и повторно изграден, додека во Анкара ќе биде изградено потполно ново фудбалско здание.

Истанбул го кандидираше и стадионот на ФК Галатасарај „Турк телеком“, кој е отворен во 2011 година и е најстар кандидиран стадион за ЕВРО 2024.

Новиот стадион во Анкара ќе „никне“ на местото на стадионот „19 Мај“, кој е веќе срушен.

Табеларен приказ на градовите и стадионите кои Фудбалскиот сојуз на Турција ги номинираше за ЕВРО 2024:


Град

Стадион

Состојба

Капацитет

ВИП

Отворање

Анкара

„Анкара“

Ќе биде изграден

65307

147

2021

Анталија

„Анталија“

Ќе биде реновиран

43616

52

2015

Бурса

Градски стадион

Подготвен

43761

72

2015

Ескишехир

„Јени Ескишехир“

Подготвен

34930

48

2016

Газиантеп

„Газиантеп“

Подготвен

35219

54

2017

Коџаели

„Јени Коџаели“

Подготвен

34712

48

2018

Коња

Градски стадион

Подготвен

37829

54

2014

Истабул

Олимписки стадион „Ататурк“

Ќе биде изграден

92208

191

2023

Истанбул

„Турк телеком“

Подготвен

53611

149

2011

Трабзон

„Медикал парк“

Подготвен

43223

50

2016

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın