спорт

Молер: „Екипите учесници во Европската супер лига ќе бидат исфрлени од турнирите на УЕФА“

„Мислам дека немаат право за такво нешто кон нашите навивачи и љубители на фудбалот“, истакна членот на Извршниот одбор на УЕФА, Јеспер Молер

Davut Çolak  | 20.04.2021 - Обновена : 21.04.2021
Молер: „Екипите учесници во Европската супер лига ќе бидат исфрлени од турнирите на УЕФА“

КОПЕНХАГЕН (АА) - Јеспер Молер, член на Извршниот одбор на УЕФА и претседател на Данската фудбалска федерација, во изјавата што ја даде за данскиот национален телевизиски канал ДР соопшти дека членовите на Извршниот одбор на УЕФА ќе одржат вонреден состанок во петок на кој очекува од турнирите на УЕФА да бидат исфрлени 12 клуба, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Зборувајќи дали учеството во проектот „Европска супер лига“ од страна на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Челси, полуфиналистите во Лигата на шампионите на УЕФА, ќе влијае врз нивните преостанати натпревари во Лигата на шампионите, Молер рече: „Очекувам на клубовите да им биде дадена забрана во петок, а времето ќе покаже дали ќе се играат преостанатите натпревари во Лигата на шампионите.“

Молер даде проценка за проектот Супер лига и упатувајќи критики до клубовите вклучени во оваа формација: „Мислам дека немаат право за такво нешто кон нашите навивачи и љубители на фудбалот.“

- „Европска супер лига“ -

Арсенал, Манчестер Јунајтед, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити и Тотенхем од Англија, Милан, Интер и Јувентус од Италија, Атлетико Мадрид, Барселона и Реал Мадрид од Шпанија најавија дека започнале нова иницијатива под името „Европска супер лига“.

Администрациите на УЕФА, ФИФА, Европската асоцијација на клубови, Фудбалската асоцијација на Англија, англиската Премиер лига, Шпанската фудбалска асоцијација, Ла лига, Италијанската фудбалска асоцијација и Серија А се спротивставија на идејата за формирање посебна лига од водечките клубови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın