İsmail Özdemir
28 Февруари 2023•Ажурирај: 02 Март 2023
ЗАГРЕБ (АА) - Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид и хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ подари потпишан дрес за погодените од земјотресите, што на почетокот на месецот ги погодија јужна Туркије и Сирија, јавува Анадолу.
Модриќ во Амбасадата на Туркије во Загреб го испрати дресот со број 10, кој го носеше меѓу Хрватска и Мароко на првиот натпревар на Светското првенство 2022 во Катар.
Веста преку социјалните мрежи ја потврди и турскиот амбасадор во Хрватска, Јавуз Селим Киран.
„Благодариме Модриќ. Ѕвездата на Реал Мадрид и хрватската репрезентација Лука Модриќ на нашата Амбасада ѝ го испрати дресот што го носеше против Мароко на првиот натпревар на Светското првенство во Катар“, напиша Киран.
Приходите ќе бидат донирани за погодените од разорните земјотреси.
Лука Модриќ во видео порака упати молитви и поддршка за луѓето погодени од земјотресите, во овие тешки моменти.
„Останете силни, ние сме со вас и се молиме за вас“, рече Модриќ.