Dejan Maksimoviç
28 Април 2018•Ажурирај: 29 Април 2018
ДУБАИ (AA) - Армандо Диего Марадона, легендарниот поранешен аргентински фудбалер, ја напушти теренската работа во Ал Фуџаирах, откако не успеа да оствари пласман во елитната лига во фудбал во Обединетите Арапски Емирати, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во петокот тимот на Марадона на домашен терен одигра 1 : 1 со Ал Калеј, што не беше доволно за да дојде до второ место и пласман во повисок ранг.
Ал Фуџаирах сезоната ја заврши без пораз, оставајќи 11 победи, исто толку и реми, но му недостасуваа два бода за влез во елитата.
Марадона на клупата на Ал Фуџаирах стаса во мај минатата година, но не успеа да ја оствари целта.
На Аргентинецот ова му беше втора тренерска работа во ОАЕ. Претходно една година ја водеше Ал-Васла. Во тренерската кариера, Марадона ги водеше и Мандија де Кориентес, потоа клубот Расинг, а од 2008 до 2010 година и репрезентацијата на Аргентина.