Bakir Tiro
28 Јуни 2018•Ажурирај: 01 Јули 2018
МОСКВА (АА) - Челниците на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) планираат да му го одземат дипломатскиот имунитет на славната и контроверзна аргентинска фудбалска ѕвезда Диего Армандо Марадона, поради неговото недолично однесување за време на Светското првенство 2018 во Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Марадона, за време на натпреварот Аргентина - Нигерија направи неколку испади во свечената ложа, од која им покажуваше „среден прст“ на навивачите на Нигерија, по постигнатиот победоносен погодок на Аргентина со кој обезбеди пласман во осминафиналето на Мундијалот во Русија.
Претходно, во текот на првиот натпревар од групната фаза меѓу Аргентина и Исланд, Марадона консумираше цигари на трибината, иако тоа е строго забрането и е истакнато на стадионот.
Марадона од ФИФА добива хонорар во висина од 15.000 долари за секое присуство на натпреварите, но можно е некогашниот најдобар фудбалер на светот да остане без своите приходи и статус што го има во Светската фудбалска асоцијација.