Can Erözden
28 Март 2023•Ажурирај: 29 Март 2023
БУЕНОС АИРЕС (АА) – Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) ја откри статуата на аргентинскиот ас Лионел Меси во природна големина, што ќе биде изложена во музејот КОНМЕБОЛ покрај статуите на покојните фудбалски великани Диего Армандо Марадона и Пеле, јавува Анадолу.
Синоќа во седиштето на КОНМЕБОЛ во Парагвај се одржа церемонијата „La Noche de las Estrellas“ (Ноќ на ѕвездите), на која присуствуваше и аргентинската репрезентација како актуелен светски шампион.
На фудбалерите на Аргентина и селекторот Лионел Скалони им беа врачени минијатурни трофеи од Светското првенство 2022 година и Купот на Америка 2021 година.
КОНМЕБОЛ во соопштение потврди дека статуата на Меси во дресот на Аргентина, која го држи трофејот на Светското првенство, ќе се чува покрај слични статуи на Марадона и Пеле во музејот.