Mutlu Demirtaştan
01 Јуни 2022•Ажурирај: 02 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед донесе одлука да не го продолжи договорот со францускиот фудбалер Пол Погба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Клубот на Манчестер Јунајтед соопшти дека 29-годишниот играч од среден ред, Погба, чиј договор истекува на крајот на месецот, ќе го напушти тимот.
Погба, кој на 16-годишна возраст дојде во јуниорската екипа на Манчестер Јунајтед од екипата на Ле Авр, во 2012 година, откако му истече договорот, потпиша договор за Јувентус.
Францускиот фудбалер Пол Погба повторно потпиша договор со Манчестер Јунајтед во 2016 година за сума од 105 милиони евра.
Погба, кој одигра 233 натпревари во Манчестер Јунајтед, ги освои англискиот Лига куп и шампионската титула во Лига Европа на УЕФА. Во тој период за екипата на Манчестер Јунајтед постигна 39 гола.