Yunus Kaymaz
13 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Судот за спортска арбитража (CAS) денес ја прифати жалбата на Манчестер сити во врска со исклучувањето на тимот од европските купови во следните две сезони, поради прекршување на правилата за фер игра, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Судот се истакнува дека укината е одлуката за исклучување на Манчестер сити од европските купови во следните две сезони, која беше донесена со образложение дека екипата ги кршела финансиските правила во периодот од 2012 до 2016 година.
Судот за спортска арбитража ја намали и казната изречена на Манчестер сити од 30 милиони евра на 10 милиони евра.
Манчестер с, кој го загарантира второто место на табелата после Ливерпул, следната сезона директно ќе учествува во Лигата на шампиони на УЕФА.