Associated Press
21 Мај 2023•Ажурирај: 24 Мај 2023
МАНЧЕСТЕР (АА) - Манчестер Сити вчера ја освои својата трета последователна титула во англиската Премиер лига откако второпласираниот Арсенал загуби од Нотингем Форест со резултат 0:1, известува Анадолу.
Сити на табелата има 4 бода повеќе од Арсенал, кој во поголемиот дел од сезоната беше првопласиран. Во англиското првенство преостана само уште еден натпревар и не постои ниту теоретска шанса Арсенал да ја загрози титулата на тимот на тренерот Пеп Гвардиола.
Ова е седма круна на Сити во англиското првенство во изминатите 12 години, клуб кој е во сопственост на Абу Даби.
Сити дојде до својата петта титула во последните седум години откако на клупата на клубот се наоѓа Пеп Гвардиола.
Арсенал на 1 април во Премиер лигата имаше предност од 8 бода пред второпласираниот Сити, но оттогаш успеа да победи на само 2 од 8 натпревари.
Нотингем Форест се наоѓа на 16. место во Премиер лигата и вчера постигна значајна победа за опстанок во лигата.