Mutlu Demirtaştan
05 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во 9. коло од европските квалификации за Светското првенство во фудбал ФИФА 2018, утре ќе се одиграат 9 натпревари во 3. групи. Во групата Г, Македонија ѝ гостува на Италија, јавува Anadolu Agency (AA).
За да се одредат 13-те земји од европскиот континент, учеснички на Светскиот фудбалски куп што во 2018 година ќе се одржи во Русија, утре ќе се одиграат 9 натпревари од квалификациските групи Д, Г и И.
Утре, со почеток во 20.45 часот, во рамките на групата Г, Македонија ѝ гостува на Италија. Средбата ќе се одржи на „Олимпискиот стадион“ во Торино, со почеток во 20.45 часот.
Турција е домаќин на Исланд, во натпревар којшто е од голема важност во борбата за првите две места во групата. Украина, која се бори за првата позиција во групата, гостува во Косово, а лидерот Хрватска на домашен терен ја пречекува Финска.
Распоред на натпреварите што ќе се одиграат утре:
Група Д:
18.00 Грузија - Велс
20.45 Република Ирска - Молдавија
20.45 Австрија - Србија
Група Г:
20.45 Лихтенштајн - Израел
20.45 Италија - Македонија
20.45 Шпанија - Албанија
Група И:
20.45 Косово - Украина
20.45 Турција - Исланд
20.45 Хрватска - Финска