спорт

Македонија, Словенија, Црна Гора - домаќини на ЕП 2022 во ракомет

Ракометните федерации на трите земји изминатиов период ги исполнија критериумите и барањата на инспекциите на ЕХФ, по што стана и официјално дека Скопје, Љубљана, Цеље и Подгорица ќе бидат домаќини на овој ракометен настан

Ivana Ramadanova  | 20.06.2018 - Обновена : 21.06.2018
Македонија, Словенија, Црна Гора - домаќини на ЕП 2022 во ракомет

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Македонија, заедно со Словенија и Црна Гора ја добија честа од Европската ракометна федерација (EHF) да го организираат Европското првенство за женски ракомет во 2022 година, пренесува Anadolu Agency (AA).

Ракометните федерации на трите земји изминатиов период ги исполнија критериумите и барањата на инспекциите на ЕХФ, по што стана и официјално дека Скопје, Љубљана, Цеље и Подгорица ќе бидат домаќини на овој ракометен настан.

Првенството ќе се игра во четири сали, и тоа во „Борис Трајковски“ во Скопје, „Стожице“ во Љубљана, „Златорог“ во Цеље и „Морача“ во Подгорица. Во овие сали ќе се играат по една од четирите групи од првата фаза на Првенството.

Љубљана и Скопје ќе ги организираат и двете групи во главната фаза, а финалето ќе се игра во салата „Стожице“ во главниот град на Словенија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.