Hüseyin Burak Demirer
07 Март 2019•Ажурирај: 08 Март 2019
АНКАРА (АА) - По натпреварите одиграни синоќа, Манчестер Јунајтед и Порто се пласираа во четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони, пишува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа два натпревари од осминафиналето на УЕФА Лигата на шампиони, најпрестижното клупско фудбалско натпреварување во Европа.
По победата на првата средба од 0:2, Пари Сен Жермен (ПСЖ) во Париз, на стадионот „Паркот на принцовите“ го пречека тимот на Манчестер Јунајтед.
Јунајтед уште во 2. минута од играта поведе со 0:1 преку погодокот на Лукаку, а ПСЖ израмни на 1:1 во 12. минута со погодокот на Хуан Бернат. Во 30. минута Лукаку повторно го доведе Манчестер Јунајтед во водство од 1:2, резултат со кој заврши првото полувреме.
Тимот на Манчестер Јунајтед, кој поради повреди и казни допатува ослабен во Париз, благодарение на погодокот на Рашфорт од пенал во 90.+4. минута, извојува победа од 1:3, која му овозможи пласман во четвртфиналето на Лигата на шампиони.
ПСЖ, иако во првиот натпревар постигна победа од 0:2 во Манчестер, поради поголем број погодоци на гостите на Јунајтед, излезе од понатамошниот тек на натпреварување.
Ова е прво четвртфинале за Манчестер по 5 години во Лигата на шампиони (ЛШ), и стана прва екипа која по пораз од 0:2 на домашен терен, успеала да се пласира во наредното коло.
- Победата на Порто ја донесе Алекс Телеш -
Португалската екипа Порто, по поразот од 2:1 во Рим, на домашен терен ја пречека екипата на Рома.
Франциско Соареш во 26. минута од натпреварот го донесе Порто во водство од 1:0, а Де Роси од редовите на Рома од пенал изедначи на 1:1 во 37. минута, резултат со кој замина на одмор.
Во 52. минута од играта, Муса Марега постигна погодок за повторно водство на Порто. Со овој резултат заврши натпреварот. Бидејќи со ист резултат Рома победи во Рим, се одиграа две продолженија по 15 минути.
Во 117. минута од натпреварот, Алекс Телеш со погодокот од 11 метри му донесе победа на Порто и пласман во четвртфиналето на ЛШ.
Преостанатите четири средби од УЕФА Лигата на шампиони ќе се одиграат на 12 и 13 март.
- На програмата се натпреварите:
12 март (вторник):
Јувентус - Атлетико Мадрид (0:2)
Манчестер Сити - Шалке 04 (3:2)
13 март (среда):
Барселона - Олимпик Лион (0:0)
Баерн Минхен - Ливерпул (0:0)