Oktaj Omeragik
28 Август 2019•Ажурирај: 28 Август 2019
СКОПЈЕ (АА) - Синоќа се одиграа 3 од 6-те средби од плејофот за пласман во УЕФА Лигата на шампиони, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на плејоф-натпреварите на УЕФА Лигата на шампиони, најпрестижното фудбалско клупско натпреварување во Европа, синоќа се одиграа 3 натпревари. Пласман во групната фаза на ЛШ изборија Динамо Загреб, Олимпијакос и Црвена Звезда.
Резултати од синоќешните реванш-средби:
Розенборг - Динамо Загреб 1 : 1 (со конечни 1 : 3 пласман обезбеди Динамо З.)
Црвена Звезда - Јанг Бојс 1 : 1 (со конечни 3 : 3 пласман обезбеди Ц. Звезда)
Краснодар - Олимпијакос 1 : 2 (со конечни 1 : 6 пласман обезбеди Олимпијакос).
Денес на програмата се натпреварите:
21:00 Клуб Бриж - ЛАСК (1 : 0)
21:00 Славија Прага - Клуж (1 : 0)
21:00 Ајакс - АПОЕЛ (0 : 0).
Екипите што ќе ја минат плејоф-фазата ќе учествуваат во извлекувањето на групите на УЕФА Лигата на шампиони. Извлекувањето на групите е закажано за четврток, 29 август, во Монако.