Berad Büyük
04 Април 2020•Ажурирај: 05 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Кристијано Роналдо кој го носи дресот на италијанскиот клуб Јувентус, ќе биде првиот фудбалер кој во својата кариера заработил 1 милијарда долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на весникот „Forbes“, вкупната заработка на Роналдо кој се смета еден од најдобрите фудвалери во светот, кој крајот на сезоната ќе достигне до 1 милијарда долари, и покрај што Јувентус оваа сезона ги намали платите поради новиот вид коронавирус (Ковид-19).
Ако се земаат во предвид спортистите од сите области, 35-годишниот фудбалер ќе биде третиот спортист кој ќе заработи 1 милијарда долари, по боксерот Флојд Мејведер и играчот на голф, Тајгер Вудс.