Mutlu Demirtaştan
29 Март 2020•Ажурирај: 30 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Фудбалер на италијанскиот Јувентус, Португалецот Кристијано Роналдо, како дел од мерките за борба против новиот вид коронавирус Ковид-19 го упати повикот „Останете дома“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Роналдо во пораката преку социјалните мрежи соопшти дека неговата мајка е излекувана и ги повика луѓето да останат дома.
„Благодарен сум што мајка ми е здрава и се наоѓа дома. Грижете се добро за вашето семејство и за најблиските. Останете дома, заштедете живот“, нагласи Роналдо, споделувајќи ја фотографијата на која е заедно со мајка му и сестрите.
Кристијано Роналдо замина на островот Мадеира во југозападна Португалија, за да ја посети неговата мајка Марија Долорес Авеиро, која беше парализирана и нејзиниот живот се наоѓаше во опасност.
Откако на 8 март Јувентус ја совлада екипата на Интер со 2:0, Роналдо замина во Португалија и поради коронавирусот не се врати во Италија.