Mücahit Hüseyin Eroğul
04 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Кошаркарскиот клуб Фенербахче Беко соопшти дека е постигнат тригодишен договор со српскиот тренер Игор Кокошков, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението дадено на веб-страницата на Фенербахче Беко се наведува: „Нашиот машки кошаркарски клуб Фенербахче Беко постигна 3-годишен договор со српскиот тренер Игор Кокошков, кој се смета за еден од највредните тренери на Европа, кој долго време европската кошарка ја преставува во НБА лигата.“
Кокошов беше назначен на тренерската позиција на репрезентацијата на Србија во летото 2019 година, и сè уште е на таа позиција во репрезентацијата. Тој 19 сезони работеше во американската НБА лига.
Кокошков беше асистент-тренер во Јута џез, Орландо Меџик, Кливленд Кавалирс, Феникс Санс, Детроит Пистонс и Лос Анџелес Клиперс.
Српскиот тренер беше главен тренер на Феникс Санс во натпреварувачката сезона 2018-2019 година.