Bedrudin Brljavac
25 Март 2023•Ажурирај: 26 Март 2023
ПАРИЗ (АА) - Синоќа се одиграа 8 натпревари од првото коло на квалификациите за Европското првенство во фудбал ЕВРО 2024 во групите Б, Е, Ф и Г, известува Анадолу.
Во групата Б, Франција во Париз ја совлада репрезентацијата на Холандија со убедливи 4:0. Во истата група Грција на гостински терен го совлада Гибралтар со 0:3.

Во рамките на групата Е, селекцијата на Чешка во Прага ја совлада Полска со резултат 3:1, а Молдавија и Фарски Острови одиграа без победник 1:1.
Австрија во групата Ф во градот Линц ја пречека селекцијата на Азербејџан. Домаќините славеа убедливо со резултат 4:1. Во истата група, Белгија како гостин ја совлада Шведска со 0:3.

Во групата Г, селекцијата на Црна Гора како гостин славеше против Бугарија со 0:1, а Србија на домашен терен славеше против Литванија со 2:0.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Бугарија - Црна Гора 0:1
Гибралтар - Грција 0:3
Молдавија - Фарски Острови 1:1
Србија - Литванија 2:0
Австрија - Азербејџан 4:1
Шведска - Белгија 0:3
Чешка - Полска 3:1
Франција - Холандија 4:0.