Dejan Maksimoviç
04 Октомври 2018•Ажурирај: 05 Октомври 2018
РИМ (АА) - Сите четири претставници на Италија во второто коло на Лигата на шампиони остварија победа, со што Италија ја престигна Англија на листата на национални клупски коефициенти на Европската фудбалска федерација (УЕФА), пренесува Anadolu Agency (AA).
Во второто коло на домашен терен славеа Јувентус против Јанг бојс (3:0), Рома против Викторија Плзењ (5:0) и Наполи против Ливерпул (1:0), додека Интер оствари триумф на гости кај Еиндховен (1:0).
Овие резултати, како и победата на Интер во првото коло против Тотенхем, доведоа до тоа Италија да биде втора на листата на национални коефициенти на УЕФА. Шпанија и понатаму убедливо е прва со 89.283 поени, следуваат Италија со 67.440, Англија со 67.177, Германија со 61.784 и Франција со 51.988 поени.
Вреди да се спомене дека италијанските клубови во второто коло од изданието на Лигата на шампиони оваа сезона остварија четири победи, првпат по ноември 2005 година.