Can Erözden
21 Ноември 2022•Ажурирај: 22 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Иранската фудбалска репрезентација денес одби да ја пее својата национална химна пред натпреварот против Англија на Светското првенство во фудбал во 2022 година, во знак на протест поради смртта на Иранката Махса Амини, јавува Агенција Анадолија (АА).
Освен нив, и дел од иранските навивачи на меѓународниот стадион „Калифа“ во катарскиот „Ал Рајан“ негативно реагираа на националната химна поради истата причина.
Наречен „Тим Мели“, Иран е во иста група со Англија, САД и Велс. Светското првенство во Катар ќе трае до 18 декември.
Во Иран од средината на септември владеат протести по смртта на 22-годишната Махса Амини, која беше уапсена од полицијата поради наводно кршење на исламскиот кодекс на облекување.