Beyza Binnur Dönmez
11 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
МАДРИД (АА) - Францускиот стручњак Зинедин Зидан повторно стана тренер на Реал Мадрид, јавува Anadolu Agency (АА).
Оваа информација денес и официјално ја потврди управата на Реал Мадрид.
Зидан повторно го презема Рел Мадрид, а доаѓа на местото на Сантијаго Солари.
Популарниот Зизоу потпиша договор на три години.
Французинот е трикратен освојувач на Лигата на шампиони со Реал Мадрид - освои една Ла Лига, два Суперкупа на УЕФА, еден шпански Суперкуп и две клупски светски првенства на ФИФА.
Зидан го водеше Реал Мадрид од 2016 до 2018 година.