Fatih Erel
09 Октомври 2018•Ажурирај: 10 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Денес во турскиот град Коња започна 54. претседателска велосипедска турa, насловена „Tour of Turkey“, јавува Anadolu Agency (AA).
По вторпат, „Tour of Turkey“ се одржува во категоријата на светските тури.
Првата етапа од турата започна во Коња и ќе заврши во истиот град по измината рута во должина од 149,7 километри.
„Tour of Turkey“ е ставена во категоријата „Светски тури“ и ќе биде следена од голем аудиториум, бидејќи ќе се пренесува во над 120 земји од светот.
Оваа година во турата ќе учествуваат 20 тима од различни делови на светот, вклучувајќи го и турскиот национален тим, во 950-километарската трка во шест етапи.
Во организација на Турската велосипедска федерација, претседателската велосипедска „Tour of Turkey“ своето деби го имаше во 1963 година, а две години подоцна стана меѓународна трка.
Во единствената од ваков вид велосипедска тура во светот, која поврзува два континента, велосипедистите, исто така ќе возат и низ тунелот „Евроазија“ под Босфорот, кој ги поврзува Европа и Азија.
Од тимовите на Светската тура, 9 се дел од 20-те тимови со вкупно 140 велосипедисти кои возат на овогодишната „Tour of Turkey“.
Оваа година, шестдневната тура започна денес во Коња, а ќе заврши во Истанбул на 14 октомври.
Етапи:
Етапа 1: Коња - Коња / 9 октомври // 149,7 км
Етапа 2: Аланија - Анталија / 9 октомври // 154,1 км
Етапа 3: Фетије - Мармарис / 11 октомври // 137 км
Етапа 4: Мармарис - Селџук / 12 октомври // 206, 7 км
Етапа 5: Селџук - Маниса / 13 октомври // 136,5 км
Етапа 6: Бурса - Истанбул / 14 октомври // 166 км