Dejan Maksimoviç
06 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
ПАРИЗ (АА) - Одлуката за проширување на Европското првенство од 16 на 24 репрезентации се покажа како многу позитивнa, истакна Мартин Кален, директор на фудбалкиот турнир, јавува Anadolu Agency (AA).
Исланд и Велс ги надминаа очекувањата, како репрезентации кои за првпат се пласираа на еден ЕУРО турнир. Велс вечерва ќе игра против Португалија во полуфиналето, додека Исланд во четвртфиналето беше елиминирана од домаќинот Франција.
„Мислам дека постигнатите резултати ќе предизвикаат вистинска еуфорија во своите земји и ќе имаме можност да видиме повеќе деца кои играат фудбал во Велс и Исланд", рече Кален.
Репрезентациите на Северна Ирска, Албанија и Словачка, исто така, за првпат настапија на едно Европско првенство.
„Луѓето беа загрижени и мислеа дека овој формат нема да функционира, но се покажа дека тој функционира. Видовме две репрезентации кои дојдоа до нок-аут фазата на натпреварувањето, во што никој не веруваше и тоа е многу позитивно", рече Кален во изјавата која ја пренесоа британските медиуми.
Некои го критикуваа новиот формат на натпреварување, бидејќи според нив во првата фаза се играло дефанзивно, сметајќи дека во следниот круг на натпреварувањето учествуваат и најдобро третопласираните репрезентации. Но, се покажа дека не биле во право, бидејќи во последото коло на голем дел од репрезентациите им недостасуваа потребните поени за продолжување во следниот круг. Затоа, и во првата фаза од натпреварувањето беа видени многу возбудливи моменти.
Новиот формат со учество на 24 репрезентации ќе остане на сила до ЕУРО 2020, за кој постојат големи шанси да биде усвоен и по Европското првенстов во 2020 година.