Yunus Kaymaz
07 Август 2019•Ажурирај: 08 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Уругвајскиот фудбалер Диего Форлан стави крај на својата фудбалска кариера, пренесува Anadolu Agency (AA).
Четириесетгодишниот фудбалер оваа одлука ја соопшти преку социјалните мрежи.
„По 21 година, ставам крај на мојата професионална кариера. Се затвора еден период полн со чувства и прекрасни сеќавања, но почнува нов период“, рече Форлан.
Тој ја започна својата кариера во клубот Индепендиенте, а ги носеше дресовите на истакнати светски фудбалски клубови како Манчестер јунајтед, Атлетико Мадрид, Виљареал и Интер.
Форлан во својата кариера со Манчестер јунајтед го освои купот на Премиер лигата и Федерацискиот куп, додека со Атлетико Мадрид го освои купот во Европската лига на УЕФА и Супер купот на УЕФА.
Тој со дресот на уругвајската репрезентација настапи на 112 мечови во кои постигна 36 погодоци.