Oktaj Omeragic
26 Јуни 2021•Ажурирај: 27 Јуни 2021
СКОПЈЕ
Во осминафиналето на Европското фудбалско првенство ЕВРО 2020 се пласираа репрезентациите на Италија, Велс, Австрија, Данска, Холандија, Чешка, Белгија, Португалија, Хрватска, Шпанија, Франција, Швајцарија, Англија, Германија, Шведска и Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Денеска, првиот ден од осминафиналето на ЕВРО 2020, ќе се одиграат средбите Велс - Данска и Италија - Австрија.
Првиот натпревар се игра меѓу репрезентациите на Велс и Данска. Велс и Данска досега имаат одиграно 10 меѓусебни средби. Велс успеал да победи на 4 натпревари, а Данска славела на 6 средби.
Средбата ќе се игра на стадионот „Јохан Кројф арена“ во Амстердам со почеток во 18:00 часот.
Во вториот дуел вечерва се среќаваат Италија и Австрија. Репрезентацијата на Италија досега со Австрија има одиграно само еден дуел и тоа во 2006 година во рамките на Светското фудбалско првенство 2006 година во Германија, кога Италија ја освои својата 4-та титула Светски првак во фудбал.
Во осминафиналето на Светското првенство 2006 година, Италија играше против Австрија. Иако италијанскиот репрезентативец Марко Матераци доби црвен картон во 50. минута од средбата и го остави својот тим со играч помалку, сепак Италија извојува победа од 1:0 благодарение на погодокот што Франческо Тоти го постигна од пенал во судиското продолжение во 90+5. минута.
Средбата ќе се игра на стадионот „Вембли“ во Лондон со почеток во 21:00 часот.