Oktaj Omeragik
05 Март 2019•Ажурирај: 06 Март 2019
СКОПЈЕ (АА) - Денес со два натпревари започнуваат реванш средбите од осминафиналето на Лигата на шампиони, пренесува Anadolu Agency (AA).
Оваа и следната недела ќе се одиграат реванш средбите од осминафиналето на Лигата на шампиони, најпрестижното фудбалско клупско натреварување во Европа.
Денес и утре (5 и 6 март) на програмата се првите четири натпревари од реванш средбите, а кои екипи ќе се пласираат во четвртфиналето на Лигата на шампиони, ќе биде познато следната недела по натпреварите закажани за 12 и 13 март.
Сите натпревари од осминафиналето на Лигата на шампиони започнуваат во 21:00 часот.
На програмата се следните реванш средби:
5 март:
Борусија Дортмунд - Тотенхем (0:3)
Реал Мадрид - Ајакс (2:1)
6 март (среда):
Пари Сен Жермен - Манчестер Јунајтед (0:2)
Порто - Рома (1:2)
Следната недела на програмата се натпреварите:
12 март (вторник):
Јувентус - Атлетико Мадрид (0:2)
Манчестер Сити - Шалке 04 (3:2)
13 март (среда):
Барселона - Олимпик Лион (0:0)
Баерн Минхен - Ливерпул (0:0)