Hüseyin Burak Demirer,Oktaj Omeragikj
17 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
АНКАРА
Во американската Национална кошаркарска лига (НБА), тимот на Голден Стејт Вориорс извојува победа од 117:99 на гостувањето кај Бруклин Нетс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа три натпревари во НБА. Екипата на Вориорс која го има највисокиот процент на победи во Лигата, го совлада Бруклин Нетс од Источната конференција. На овој натпревар, ѕвездата на Вориорс, Стефен Кари, натпреварот го заврши со 37 поени, 7 скока и 5 асистенции, постигнувајќи 9 тројки од 14 обиди.
Во редовите на Вориорс, Ендрју Вигинс постигна 19 поени, 2 скока, а Џордан Пул постигна 17,4 скока, 4 асистенции.
Најпрецизни во екипата на Бруклин Нетс која натпреварот го заврши со 38,6 отсто шут од поле беа Џејмс Харден со 24 поени, 4 скока, 4 асистенции, Кевин Дурент имаше 19 поени, 5 скока, 3 асистенции и Брус Браун Џуниор со 14 поени, 5 скока, 3 асистенции.
Џез ги совлада Севентисиксерс со 35 поени разлика
Јута Џез со резултат 120:85 го совлада тимот на Филаделфија Севентисиксерс која беше на врвот на Источната конференција пред Џоел Ембид да се повреди.
Најзаслужни за победата на Џез на домашен терен беа Бојан Богдановиќ со 27 поени, 6 скока, 2 асистенции, Руди Гоберт со дабл-дабл од 15 поени, 17 скока и 4 блокади и Џордан Кларксон со 20 поени и 7 скока.
Најпрецизни во редовите на Севентисиксерс кои го доживеаја сојот петти последователен пораз беа Шејк Милтон со 18 поени, 4 асистенции, 3 скока, и а Тајриз Макси со 16 поени, 4 скока, 2 асистенции. Турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз натпреварот го заврши со 6 поени, 5 скока и 3 асистенции.
Во третиот натпревар на денот, Лос Анџелес Клиперс го совладаа Сан Антонио Спарс со 106:92 благодарение на одличниот перформанс на Пол Џорџ кој постигна 34 поени, 9 скока, 4 асистенции и Реџи Џексон со 21 поен, 6 скока и 4 асистенции.
Кај Спарс најпрецизни беа Дежонте Мареј со дабл-дабл од 26 поени, 12 скока, 9 асистенции и Дерик Вајт со 19 поени, 3 скока, 3 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот на гостинскиот терен.
Првите пет првопласирани екипи во двете конференции на НБА:
Источна конференција
| Екипа | натпревари | победи | порази | процент |
| 1. | Вашингтон Визардс | 13 | 10 | 3 | 76,9 |
| 2. | Чикаго Булс | 14 | 10 | 4 | 71,4 |
| 3. | Бруклин Нетс | 15 | 10 | 5 | 66,7 |
| 4. | Мајами Хит | 15 | 10 | 5 | 64,3 |
| 5. | Кливленд Кавалирс | 15 | 9 | 6 | 60 |
Западна конференција
| Екипа | натпревари | победи | порази | процент |
|
| 1. | Голден Стејт Вориорс | 14 | 12 | 2 | 85,7 |
|
| 2. | Феникс Санс | 13 | 10 | 3 | 76,9 |
|
| 3. | Далас Маверикс | 13 | 9 | 4 | 69,2 |
|
| 4. | Јута Џез | 14 | 9 | 5 | 64,3 |
|
| 5. | Денвер Нагетс | 14 | 9 | 5 | 64,3 |
|