Hüseyin Burak Demirer
15 Ноември 2021•Ажурирај: 16 Ноември 2021
АНКАРА
Фудбалерот со турско потекло Енес Сали, кој синоќа прв пат настапи во дресот на фудбалската репрезентација на Романија со 15 години и 264 дена, е најмлад европски фудбалер кој настапил на официјалниот натпревар на „А“ тимот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сали на квалификациониот натпревар на „Ј“ групата за Светско првенство 2022 година во Катар, во 82. минута дебитираше во дресот на Романија.
Со тоа Сали, кој игра за Фарул Константу, го собори рекордот на најмлад европски репрезентативец, кој претходно му припаѓаше на Норвежанинот Мартин Одегард (15 години и 300 дена).
Претходно Сали со 15 години и 202 дена стана и најмладиот фудбалер кој постигнал гол во првата лига на Романија.