спорт

Бугарија: Полицијата приведе четворица навивачи поради расизам

„Сѐ уште работиме на идентификација на останатите осомничени“, соопштија од Министерството за внатрешни работи на Бугарија

Dejan Maksimoviç  | 16.10.2019 - Обновена : 17.10.2019
Бугарија: Полицијата приведе четворица навивачи поради расизам

СОФИЈА (АА) - Четворица бугарски фудбалски навивачи, за кои постои сомнеж дека расистички ги навредувале црномурестите играчи на Англија, се уапсени во полициски рации, објавија денеска британските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).

Победата на Англија над Бугарија со резултат 6:0 во квалификациите за ЕУРО 2020 во понеделникот вечерта во Софија ја засенија два прекини на натпреварот по расистичко навредување на гостите играчи и нацистичко поздравување од домашните поддржувачи.

„Сѐ уште работиме на идентификација на останатите осомничени“, соопштија од Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

На барање на премиерот Бојко Борисов, кој го осуди расизмот на стадионот во Софија, вчера Борислав Михајлов, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија, поднесе оставка. Михајлов оставката ја поднесе и поради низа лоши резултати на сениорската репрезентација.

ФС на Бугарија веќе претходно беше казнет поради расистички испади на навивачите за време на натпреварите за квалификации за ЕУРО 2020 против Косово и Чешка, па репрезентацијата синоќешниот дуел против Англија го играше делумно пред празни трибини.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.