Şenhan Bolelli
02 Март 2023•Ажурирај: 03 Март 2023
МАДРИД (АА) - Шпанскиот фудбалски клуб Барселона, во својот младински клуб го зеде 17-годишниот Жоао Мендеш де Асис Мореира, син на поранешниот бразилски фудбалер Роналдињо, кој во периодот од 2003 до 2008 година го носеше дресот на овој клуб, пренесува Анадолу.
Клубот на социјалните мрежи објави фотографија на Жоао Мендеш заедно со членот на Управниот одбор на Барселона, Хоан Солер, и спортскиот директор на младинскиот клуб, Хозе Рамон Алексанко.
Во соопштението се наведува дека 17-годишниот стрелец потпишал договор со младинскиот клуб на Барселона.
Жоао е трансфериран од бразилскиот клуб Крузеиро.
Инаку, Роналдињо 5 сезони го носеше дресот на Барселона, со која освои 2 трофеи во лигата, 2 трофеи во шпанскиот Супер куп, и еден трофеј во Лигата на шампионите.