Ercan Doğan
06 Јуни 2017•Ажурирај: 07 Јуни 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Арда Туран, турски фудбалски репрезентативец и фудбалер на Барселона, кој вербално и физички нападна еден турски новинар, изјави дека ја завршува својата кариера во репрезентацијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во фокусот на турските медиуми денеска беше инцидентот што синоќа се случи меѓу Туран и еден новинар во авионот на турската репрезентација, по враќањето од натпревар со Македонија. За време на летот, турскиот репрезентативец Туран вербално и физички го нападнал турскиот новинар Билал Меше.
Денес Арда Туран одржа прес-конференција на којашто соопшти дека ја завршува својата кариера во репрезентацијата.
Арда Туран ги брани боите на турската репрезентација од 2006 година, а досега има одиграно 97 натпревари и постигна 17 погодоци.